Skip to main content

црвен крст – охрид

Црвен крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици

За Водици Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите и сите посетители на настанот со шест тимови спасители на вода распоредени долж пристаништето и во спасителни чамци во вода, два нуркачки тимови, како и со шест медицински тимови за укажување прва помош со амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Службата за итна медицинска помош.
 |  инфодеск  | 
Црвен Крст

Со низа здравствено-превентивни активности Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ќе биде дел од црковно-световната манифестација со која се одбележуваат големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите.

-Во сабота од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 9 степени, велат од организацијата.

За Водици Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите и сите посетители на настанот со шест тимови спасители на вода распоредени долж пристаништето и во спасителни чамци во вода, два нуркачки тимови, како и со шест медицински тимови за укажување прва помош со амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Службата за итна медицинска помош.

– Традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2025 (недела) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, додаваат од Црвен крст Охрид.