Skip to main content

Црвен крст и лајонистите ќе ги чистат плажите со пристап само од вода

Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

logoНепријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите.

Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се чистат и плажите кои имаат пристап само од вода.

Ги покануваме сите добронамерни и еколошки свесни наши сограѓани да се приклучат на оваа акција и дадат свој допринос за почист Охрид.

Акцијата започнува на 10.07.2014 (четврток) во 8 ч., а собирно место е поранешниот фудбалскиот стадион-Грашница.


{loadposition content9}