Заврши и четвртиот циклус од обуките за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст Охрид.
На крајот од овој четврти циклус доделени се сертификати на 7 лица кои во месеците мај и јуни ја следеа обуката за негувател/ка на стари лица и лица со попреченост и истата успешно ја завршија.
„Лицата кои ја завршија обуката ќе имаат можност да бидат вклучени во Нега центар при Црвен крст Охрид, социјален сервис кој ја нуди социјалната услуга помош и нега во домот на стари лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет и на лица со попреченост на територија на Општина Охрид.“- велат од охридскиот Црвен крст.
Минатата година во рамки на Црвен крст Охрид официјално започна со работа Нега Центар, кој нуди помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот.