Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите
Отворен инфо ден во Црвен крст Охрид. Оваа хуманитарна организација ја посетија децата од градинката Јасна ристеска и дел од основците од училиштето Христо Узунов. Тие одблиску видоа како охридскиот Црвен крст работи и на што се посветуваат неговите волонтери.
Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите. Денешниот отворен ден е дел од одбележувањето на роденденот на Анри Динан, основоположникот на оваа хуманитарна организација кој е роден на 8-ми мај пред 188 години. Дечињата од градинката “Јасна Ристеска“ и второоделенците од ОУ „Христо Узунов“ одблизу видоа како функционира охридскиот Црвен крст и се информираа за неговите активности и начин на работа.
При посетата на децата ние сакавме на сликовит начин да им прикажеме како работиме и која е нашата цел. Беа обмислени работилници, заедно го гледавме филмот „За една идеја“ од кој дознаа како се формирал Црвениот крст, а после тоа, своите впечатоци ги пренесоа на цртежи кои сами ги изработија и на кои неизоставен дел беше знакот на Црвен крст, рече Анета Јованоска- координатор во ЦК Охрид.
Ваквите отворени инфо денови се веќе традиционални, а се практикуваат со цел што повеќе да се доближиме до младите генерации, а оние кои сакаат да помагаат и кои имаат една развиена хумана димензија да можат да се приклучат кон нашето големо семејство на волонтери, вели Јованоска.
Ова е веќе проверен метод кој функционира кај најмладата популација и преку ваков интерактивен начин на работилници децата се стекнуваат со знаења кои им остануваат за цел живот. Многу често тука се случуваат и нови пријателства, вели Јованоска
Охридскиот црвен крст цела недела има активности со кои ќе го одбележува роденденот на Анри Динан. Утре во просториите на ФТУ ќе се одржи крводарителска акција на која се поканети сите кои сакаат да даруваат дел од својата скапоцена течност.