Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на стари лица
Црвен крст Охрид се приклучува на кампањата на Обединетите нации и денес го одбележува 1-ви Октомври, Меѓународниот ден на стари лица.
Црвен крст Охрид спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот на старите луѓе и дава придонес и активно се вклучува во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.
Во таа насока, Црвен крст Охрид денес во своите простории со почеток во 14:30 ч. организира тематска средба на која ќе учествуваат претставници на Програмата за грижа за стари лица „НАЈДИ ВРЕМЕ“, која се спроведува вo рамките на Црвен крст Охрид, претставници на Локалната самоуправа на Охрид и Дебрца, претставници на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и претставници на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа. На средбата ќе се дискутира за иницијативите покренати од страна на Црвен крст Охрид-Програма за грижа за стари лица, за изградба и функционирање на Дом за стари лица и Дневен центар за стари лица на територијата на општините Охрид и Дебрца, како и за други горливи проблеми со кои се соочуваат старите лица во нашата заедница.