Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид ќе додели јубулејни признанија за крводарителите

По повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија, општинската организација при Црвен крст Охрид традиционално ќе додели јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.
 |  инфодеск  | 

-Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2024 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 52, секој работен ден од 8-16 часот, велат од Црвен крст Охрид.

Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во која се евидентирани крводарувањата, со што ќе се потврди бројот на крводарувања, а крајниот рок за пријавување за овогодинешните признанија е 5 март 2025 година. Признанијата ќе бидат доделени на пригодна свеченост во втората половина од месец март.

Од Црвен крст Охрид изразуваат огромна благодарност и почит кон сите крводарители, како и кон поединци, фирми и институции кои го помагаат развојот и унапредувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца.