Црвен крст Охрид нуди бесплатно психолошко советување
Заинтересираните граѓани можат да закажат термин за советување на телефонскиот број 070 729 615, а советувањето го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.
Од Црвен крст Охрид информираат дека нивниот центар нуди бесплатно психолошко советување, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување.
Заинтересираните граѓани можат да закажат термин за советување на телефонскиот број 070 729 615, а советувањето го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.
Инаку, Црвен крст Охрид го организира бесплатното психолошко советување во соработка со Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.



