Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Глас на хуманоста“

Творбите треба да се достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52 или на е-маил адресата ohrid@redcross.org.mk. Краен рок за доставување на творбите е 23 мај 2025 година.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница – Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид објавуваат литературен и ликовен конкурс на тема: „Глас на хуманоста“

Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца, како и други заинтересирани граѓани. Може да се учествува со поезија, проза и ликовна уметност.

Творбите треба да се достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52 или на е-маил адресата ohrid@redcross.org.mk. Краен рок за доставување на творбите е 23 мај 2025 година.

Од Црвен крст Охрид велат дека творбите ќе ги разгледува и оценува стручна комисија. Наградените творби ќе бидат објавени на 26 мај 2025, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 мај 2025 година во Црвен крст Охрид, со почеток во 12:00 часот.

Дополнуваат и дека творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.