Skip to main content

Црвен крст Охрид го одбележа Меѓународниот ден на старите лица

Годинава, темата на одбележувањето на 1 Октомври е „Исполнување на ветувањата од Универзалната декларација за човекови права за постарите лица: Низ генерации“.
 |  инфодеск  | 
Црвен Крст Ден на стари лица

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и оваа година се вклучи во одбележувањето на 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица, воспоставен од страна на Обединетите нации во 1990 година. Целта на одбележување на овој ден е да се охрабруваат земјите во светот да привлечат внимание и да ги оспорат негативните стереотипи и заблуди за постарите лица и стареењето и да им овозможат на постарите лица да го реалзираат својот потенцијал.

Годинава, темата на одбележувањето на 1 Октомври е „Исполнување на ветувањата од Универзалната декларација за човекови права за постарите лица: Низ генерации“.

По тој повод, денес во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа интерактивна работилница и презентација на основната тема на годинешното одбележување на 1 Октомври. Оваа работилница, покрај со проширување на знаењата за правата на постарите лица, резултираше и со одредени размислувања и предлози поврзани со состојбата, околностите и грижата за старите лица во нашето општество и локалните заедници. Работилницата ја водеше долгогодишниот волонтер и дисеминатор за меѓународно хуманитарно право Љупчо Милкоски.