Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција за помош на ранливото население

„Вашиот прилог-значајна помош“: Црвен крст со хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.
 |  инфодеск  | 

 Како дел од социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на солидарност, од 14-ти до 20-ти април 2025 година, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“, Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.

– Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехрамбени производи, срества за хигиена, облека, обувки, кои можат да се достават во нашите простории, на улицата „Димитар Влахов“ број 52, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем на лица на кои помошта им е најнеопходна, потенцираат од Црвен крст Охрид.