Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст – Охрид ја одбележува Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ)

Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ) се одбележува секоја година од 21 до 27 Септември.
 |  инфодеск  | 

Традиционално, и оваа година општинската организација на Црвен крст ќе ја одбележи Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ).

Настанот ќе се одржи утре, петок, во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 14 часот, а на настанот ќе бидат презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери, со цел промовирање на солидарноста, хуманоста и активната вклученост во заедницата.

-Како знак на признание и благодарност, ќе бидат доделени благодарници на сите младинци и донатори кои активно учествуваа и придонесоа во изработката и реализацијата на овие значајни проекти, се вели во соопштението од Црвен крст – Охрид.