Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“

Пролетен циклус на „Полетарче“: Црвен крст Охрид со програма за најмладите
 |  инфодеск  | 

Од Црвен крст Охрид информираат дека започнуваат со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Од таму додаваат дека вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

-Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др. Пролетниот циклус од програмата трае 3 месеци со изведување на вкупно 12 часови,по еден час седмично,во траење од 45 минути, информираат од Црвен крст Охрид.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046261909 или 072 246175, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 28.01.2026 г., секој работен ден од 8-15 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за програмата ПОЛЕТАРЧЕ кој ќе се реализира на 31.01.2026 г. (сабота) од 09-10 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.