Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона, Црвен крст Охрид, Центар за безбедност на вода започнува со регрутација на нови кандидати за спасители на вода.
Сите заинтересирани можат да се обратат на телефонските броеви 046/262-706, 070/315-309 и 046/261-909, или на е-маил адресата ohrid@redcross.org.mk.
Од општинската организација на Црвен крст напоменуваат дека кандидатот мора да има наполнети 17 години и да биде психофизички здрав.
