Црвен крст Охрид во сабота ќе го одбележи Светскиот Ден за Прва помош, промовирајќи ги знаењата и вештините за првата помош, ставајќи акцент на спортските активности.
-Темата на овогодинешниот Светскиот ден за Прва помош е „ПРВА ПОМОШ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ – ПОДГОТВИ СЕ И УКАЖИ ПОМОШ“. Во тие рамки Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 14.09.2024 г. (сабота) на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“, каде во периодот од 11-13 ч. тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди на спортски натпревари, тренинзи, – велат од Црвен крст Охрид.
Во сабота својата хуманост ќе можат да ја искажат и сите граѓани кои имаат желба и потреба да даруваат крв на крводарителската акција која во организација на Црвен крст Охрид ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10 – 14 ч., под мотото ДАЈТЕ КРВ! РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ!
