Skip to main content

ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ

Црвен крст организира хуманитарна собирна акција за најранливите категории на граѓани од Охрид и Дебарца

Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна, порачуваат од Црвен Крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 15-21 април 2024 год., под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“ со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за најранливите категории на граѓани од Охрид и Дебарца

Од Црвен крст апелираат и ги повикуваат граѓаните, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:

➡️донирање на материјални добра-прехрамбени производи и средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид ул. Димитар Влахов бр.52

➡️донирање на парични средства (100 ден) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400 на жиро сметката на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност“

➡️со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарности на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620

➡️cо електронска уплата на средства на интернет страната на Црвениот крст

Од донираните парични средства и собраните намирници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени поризводи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.

Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна, порачуваат од Црвен Крст Охрид.