Центар за култура григор прличев
Црвен крст организира крводарителска акција
Во сабота од 10 до 14 часот во просториите на Центарот за Култура „Григор Прличев“ Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција.
За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 10.09.2022 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10-14 ч.
Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција – велат од Црвен крст Охрид.


