Skip to main content

Црвен крст Охрид

Во Црвен крст одржана работилница за знаковен јазик

Во рамките на одбележување на месец февруари – месец на ретките болести, на вчерашниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид се одржа работилница за знаковен јазик.
 |  инфодеск  | 

Во рамките на одбележување на месец февруари – месец на ретките болести, на вчерашниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид се одржа работилница за знаковен јазик. Истата беше одржана од страна на Ангел Крстески – член на координативно тело и толкувач Лора Лазаревска.

-Преку оваа интерактивна сесија, ги совладувавме основните знаци, разговаравме за значењето на инклузијата и направивме уште еден чекор кон подобро разбирање и поддршка на лицата со оштетен слух, велат од општинската организација на Црвен крст.

Инаку, Лора е толкувач на знаковен јазик вработена во Регионална Телевизија ТВМ.