Skip to main content

Недела за борба против сида

Црвен крст со активности за превенција од ХИВ

Црвен крст Охрид спроведе неколку активности во рамки на Неделата за борба против ХИВ/СИДА (1-7.12.2022 година).
 |  инфодеск  | 
Предавања хив

Во рамки на Неделата за борба против ХИВ/СИДА (1-7.12.2022 година) која се одбележува под мотото „Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција” Црвен крст Охрид спроведе неколку активности.

Во текот на оваа недела предавачот за ХИВ/СИДА д-р Јованка Стурлакова Коровешоска реализираше интерактивно едукативно предавање за волонтерите од Клуб на млади во просториите на Црвен крст Охрид.

Предавања хив

Во основните и средните училишта беа дистрибуирани типизирани предавања со цел учениците да се запознаат со основните знаења за вирусот на ХИВ, начин на пренесување и заштита.

Исто така во изминатиот период се одржа и едукативно предавање за сексуално преносливи инфекции со ученици од ООУ “Кочо Рацин”- Охрид со д-р Јованка С.Коровешоска. Целта на оваа работилница е да се зголемат знаењата на младите на тема СПИ и сето она што таа го опфаќа, да се поттикнат децата да зборуваат меѓу себе и меѓу нив и своите родители на вакви, се уште “табу” теми во нашето општество, односно целта е да се поткрене свеста општеството за да не ја занемарува оваа тема затоа што сексуално преносливите инфекции се многу позачестени во последно време – информираат од Црвен крст Охрид.

Активностите кои секоја година се организираат по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА и Неделата на борба против ХИВ/СИДА имаат за цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со ХИВ вирусот.

Предавања хив