Црвен Крст и Спорт лајф и годинава го одбележаа Светскиот ден на крводарителството
Годинешната хуманитарна крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството и овојпат одбележана со хепенинг, на кој хуманите граѓани ги забавуваше Елена Ристевска. Но денес исто така пред обложувалницата „Спорт лајф“, охридските новинари неуморно продолжија со собирање на финансиски средства за 11 годишно момче од Охрид, кое треба да замине на лекување во Кина.
Традиционално и годинава, по осми пат Црвениот Крст од Охрид во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“, ја реализираше крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Оваа акција веќе е препознатлива меѓу охриѓани посебно од страна на хуманите крводарители, кои секогаш масовно се одзиваат, вели Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст.
„Одзивот е навистина задоволителен, уште од раните утрински часови од 9 часот континуирано крводарителите доаѓаат и даруваат крв. Минатата година имавме преку 100 единици и годинава се надевам дека е толкава бројката. За посебна мотивација се потруди спортската обложувалница „Спорт лајф“ која што обезбеди 10 вредни награди за 10 најсреќни крводарители кои ќе бидат извлечени на крајот од акцијата“ – вели Точков.
Охрид последниве 10 дена живее од хуманоста, вели Соња Рилковска новинар во Канал 5. Неуморни сме и ќе ја исполниме целта, да ја вратиме детската насмевка на момчето кое живее во надеж дека повторно ќе застане на своите нозе, додава таа.
„Сите заедно по иницијатива на охридските новинари под мотото „Заедно за еден детски живот“ помагаме да се собере огромна сума на пари која е потребна за операција на 11 годишно момче од Охирд. Можам да кажам само благодарност до сите хумани граѓани и да кажам дека ние тука не запираме се додека не ги собереме потребните средства и да го испратиме нашиот херој на лекување во Кина. Таа операција дава надеж, верба дека нашето момче ќе застане на нозе и ќе има безгрижно детство“ – изјави Рилкоска.
Традиционалната крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството и годинава беше проследена со хепенинг на кој младите волонтери и хуманите граѓани ги забавуваше носителот на хепенингот нашата музичка звезда Елена Ристеска.
{loadposition content9}