Skip to main content

Едукација забава и дружење

Црвен крст спроведе бројни активности

На градскиот плоштад се одржаа бројни активности во организација на Црвен крст Охрид. Присутните имаа свој ден за едукација, забава и дружење.
 |  инфодеск  | 
Црвен крст

Бројни волонтери, активисти, поддржувачи, пријатели на Црвен крст Охрид, од сите возрасти, на Градскиот плоштад во Охрид имаа свој ден за едукација, забава и дружење.

Најбројни и највесели беа најмладите, кои ја следат едукативната програма „Полетарче“, членовите во Центарот за развивање на животни вештини „Бреинобреин“. Заедно со своите родители и тренери тие го прославија 12-тиот роденден на Центарот.

Црвен крст

Волонтерите од Групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид го одбележаа Меѓународниот ден на стари лица промовирајки ги своите активности со акцент на Јога смеа програмата.

Црвен крст

Убавиот сончев октомвриски ден го искористија и младите од Клубот на млади при Црвен крст за да го прослават 26-от роденден на младинското организирање во Црвен крст Охрид, истакнувајќи ги и приближувајќи ги своите програми и активности до потенцијалните волонтери, желни и подготвени да ја истакнат и надоградат својата креативност, хуманост и солидарност.

Црвен крст

Волонтерите на Црвен крст Охрид во областа на првата помош, лекари, парамедици, едукатори, демонстратори преку практични презентации на вештини и техники за укажување прва помош и реален приказ на повреди ја започнаа кампањата за едукација и подигање на свеста на населението за правилно и навремено укажување на прва помош.

Црвен крст