Skip to main content

Недела на борба против гладта

Црвен крст Охрид и Лајонс клубот Десарети поделија хуманитарни пакети на 30 семејства

Акцијата „Недела на борба против гладта“ продолжува. Во поголемите градски маркети се поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.
 |  инфодеск  | 
Црвен Крст Охрид

Денес започна поделбата на хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца, кои во рамки на акцијата за Недела на борба против гладта од 16-22 октомври, во организација на Црвен крст Охрид, ги обезбеди Лајонс клубот Десарети.

„Традиционалната соработка со хуманите луѓе од оваа општествено одговорна организација, резултираше денес да бидат помогнати со прехрамбени производи и средства за хигиена 30 семејства од Охрид. “ – вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Хуманитарната акција под мотото  „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ продолжува и е насочена кон прибирање на доброволни прилози во прехрамбени производи и парични средства од хуманите граѓани и општествено одговорните компании, наменети за набавка и подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

До крајот на оваа недела во поголемите градски маркети се поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.

„Уште еднаш упатуваме апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат  во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. “ – апелираат од охридската хуманитарна организација и воедно изразуваат благодарност за поддршката и помошта во реализација на хуманитарните активности.