Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен Крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развој на крводарителството

Признанијата и благодарниците на заслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година, ќе бидат доделени на пригодна свечаност во просториите на Црвен крст Охрид, на 15 март 2024 г.,(петок) со почеток во 13 ч.
 |  инфодеск  | 
Крводарителство

Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град.

„Хуманоста што ја покажуваат нашите крводарители преку доброволно дарување крв, придонесува да бидат спасени многу човечки животи. По повод 17 март Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ, упатуваме искрени честитки, благодарност и почит кон сите крводарителите, поединци, фирми, институции кои го унапредиле развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година. “ – велат од ОО на Црвен Крст Охрид.