И Црвенковски ги слушна маките на Пештанци
Уште една посета на Пештани. Денеска увид на проблемите со кои се соочува месното население направи претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Апсолутно сум уверен дека доколку навреме се овозможеше истекување на Дримот до ваква ситуација немаше да дојде или проблемите ќе беше од помали размери, рече Црвенковски.
Бранко Црвенковски
Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во посета на Пештани. Го посети месното население ги слушна нивните проблеми.
„Владата има милион причини да поднесе оставка, ова што се случува во моментов со поплавите е милион и првата“- истакна Црвенковски. Тој ги демантираше обвинувањата дека посетите во Пештани добиваат политичка конотација.
„ Овде нема политика. Овде има реални проблеми. Не е политика оваа јама, подрумите и куќите полни со вода. Потпорните ѕидови што се рушат се реален проблем со кој се соочуваат овие луѓе кои живеат тука. Ако треба да има политика треба да има единствена и од страна на локалната и од страна на централната власт и да им се помогне на овие луѓе, бидејки премиерот и владата не се само од оние кои ги гласале, туку на сите граѓани на Р Македонија и имаат обврска подеднакво да ги третираат“, истакна престедателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Владата треба уште од овој момент да предвиди финансиски средства за помош на овие луѓе, кои кога ќе се нормализира состојбата, своите живеалишта ќе треба да си ги вратат во првобитната состојба, истакна Црвенковски. Тој потенцираше дека до оваа ситуација немеше да дојде доколку навреме се превземеа потребните превентивни мерки, сега е веќе доцна, рече тој.
„ Апсолутно сум уверен и верувам во сите експертски и стручни аргументи изнесени јавно дека доколку навреме се овозможеше истекување на Дримот и намалување на нивото на водата во езерото, ваква ситуација немаше да се случи, или ќе беше од многу помали размери. Изјавите на првиот човек на ЕЛЕМ се дека ова е вообичаена состојба, како и секоја година. Не е вообичаена дефинитивно ова е вонредна состојба и мислам дека голем пропуст направен е и од страна на ЕЛЕМ. Денеска неповолните временски услови дополнително ќе ја влошат состојбата“истакна Црвенковски.
Вакви поплави во Пештани досега не се паметат. Многу не заплашува фактот што поради надојденита вода се јавува проблем од мешање на атмосверската и фекалната вода, што може да придонесе за ширење на заразни болести, истакна член на кризниот штаб од Пештани.
„ Зголеменото ниво дополнително ги зголемува проблемите, затоа што водите се враќаат назад. Апелираме најитно да се приклучиме во колекторскиот систем за малку да се подобри ситуацијата инаку штетите се огромни и што е најстрашно допрва доаѓаат најтешките денови за нас. Водата до месец мај минимум ќе се крене уште 30,40 сантиметри“, истакна Радован Влавчески, од кризен штаб од Пештани.
Влавчески се пожали дека месното население десега не видело никави подобрувања по превентивните мерки кои деновиве ги превзедоа надлежните. „Апелираме и бараме помош. Пештани не е било кое место. Ние не сме земјоделци па да бараме субвенции од владата. Ние живееме од туризам а оваа гранка на овој начин не може да се развива“, додаде Влавчски.
{loadposition content9}