Skip to main content

Цубалески: Охриѓани гладни се за работа

Луѓето во Охрид се гладни за работа, вели менаџерот на германската ОДВ Електрик, Огнен Цубалески.  Сегашните 25 вработени во оваа компанија која неодамна започна со производство во Охрид, наскоро ќе се дополнат со уште 75 лица, а до 2016 се очекува да се вработаат уште 100 луѓе. Денес градоначалникот Никола Бакрачески на работна средба со проект менаџерот Цубалески беше запознат со со динамиката со која се реализира инвестицијата.

 |  Николоска Биљана  | 
odw
одв

baki cubaleskiДинамиката на воспоставување кооперански односи на странските инвеститори со локални компании и ангажирање на што поголем број работни кадри од Охирд е една од суштинските потреби на градот. Ова денеска го  истакна Градоначалникот Никола Бакрачески на средбата со проект менаџерот на фирмата ODW-elektrik, Огнен Цубалевски.  Градоначалнкот беше запознат со досегашната реализација на оваа германска инвестиција во Охрид.

„Денес во текот на оваа работна средба ги видовме сите аспекти. И  понатака ние како Локална самоуправа силно остануваме посветени на можностите да дадеме максимална поддршка на ваквите компании во кои што влегува и ODW-elektrik. Ние остануваме на оние олеснителни околности и услови кои ги нудиме на компаниите кои доаѓаат во Охрид со цел да го олеснат влезот на странски и домашни инвеститори и сите онеи оние олеснувања кој што се ингеренција на Локалната самоуправа а кој што се регулирани со закон, сме спремни да ги дадеме на било која компанија која што е спремна да инвестира во Охрид“ – истакна градоначалникот Бакрачески.

Огнен Цубалески проект менаџерот на ODW-elektrik истакна дека пријатно е изненаден од тоа со каква помош и поддршка се сретнале во Македонија. Тој појасна дека оваа година очекуваат инвестициониот циклус да биде плус еден милион евра и дополнителни 75 вработувања. Цубалевски категоричен дека во фирмата ќе се креира здраво јадро на вработени што ќе може да го постигне духот на  ODW-elektrik, нивниот препознатливиот квалитет во автомобилската индустрија, односно на милион  производи обврзани биле да испорачаат нула грешки.

odw„Во моментов ние работиме на продуктивност што е 40% од таа што треба да ја имаме, ние лично немавме голем фокус на продуктивноста бидејќи сакавме квалитетот да биде нешто за што не се дискутира. Сега во моментов имаме двајца колеги што ќе ги оставиме 4 недели, цел е со тренинг на вработените да стигнеме до продуктивноста. Значи околу продуктивноста е во рамките на планираното но ќе треба време за да има човек продуктивност со квалитет. Како сме задоволни од кадрите, луѓето се гладни да работат, луѓето едвај чекаат да се појават фирми што ќе можат да работат, од друга страна постои еден јасен недостаток на индустринско искуство“ – вели Цубалевски.

Според предвиденото фирмата  ODW-elektrik треба да има 4 линии во три смени а во моментов од како отпочна со работа во Охрид во декември месец минатата година има само една линија и една смена. Од фирмата информираат дека засега има 25 вработени но очекуваат тој број 8 пати да се зголеми.

{loadposition contnet9}