Skip to main content

Центар за управување со кризи

ЦУК: Денес од 12 до 16 часот ќе се врши минирање на автопатот „A2“ Кичево-Охрид

Известување од Центарот за управување со кризи.
 |  инфодеск  | 
Автопат Кичево Охрид

Од фирмата „Мактек Дооел“ ги известуваат граѓаните дека денеска, понеделник, 28-ми април 2025 година, на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба, „стационажа“ – 14+500 ќе се изврши минирање во времето од 12.00 до 16.00 часот, за потребите на „Гранит“ АД Кичево.

Од Центарот за управување со кризи информираат и дека од денеска, до 2-ри мај 2025 година, стручниот тим на „Мактек Дооел“, ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Мактек Тропикана“ Доо Скопје – „Бехтел и Енка УК 2 Лимитед – Обединето Кралство“ на локалитетот: С. Бањица (км 7+200 до 9+721 км), Автопат Коридор 8 и 10, Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа Струга-Ќафасан.