
РЦУК Охрид, известува дека преку Единствениот повикувачки број 112 за итни случаи во 21.27 часот, била добиена пријава дека поради поројниот дожд имаат проблем со фекалната канализација којашто им го поплавила влезот во зградата на ул.„Карпош Војвода“.
-За ова веднаш е известена ЈП „Нискоградба“ -Охрид и лице за контак од Кризниот штаб на Општина Охрид за понатамошна постапка, информираат од РЦУК Охрид.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека добиле вкупно 2 007 повици во последното деноноќие, немало пожари на отворено, а при интервенција во населено место на еден од пожарникарите му се слошило по што е згрижен со итна медицинска помош, и дека имало повеќе пријави за итни случаи заради вчерашните обилни врнежи.
Од таму апелираат сите итни случаи да се пријавуваат на 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.