Skip to main content

ЦУК: Се санира штетата на патот Охрид – Св Наум

Сообраќајот е оспособен преку помошни локални патишта.
 |  инфодеск  | 

Поради невремето кое го зафати југоисточниот дел на општина Охрид во реонот на с.Трпејца и с.Љубаништа проследено со големи врнежи дојде до излевање на вода, земја, чакал и поситни камења на регионалниот патен правец Охрид – Св. Наум во с.Љубаништа. Сообраќајот целосно беше прекинат од 19:15 часот.

“Во овој момент истиот е оспособен преку помошни локални патишта. На терен се присутни и интервенираат на санирање екипи на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – секција Охрид и ЈП Охридски комуналец.”- информираат од Центарот за управување со кризи.