Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро
Со полагање свежо цвеќе во Охрид , пред спомен-плочата на загинатите туристи од Република Бугарија се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро. Градоначалникот вети дека наскоро во близина на местото каде потона бродот „Илинден“ ќе се постави соодветно спомен обележје.
Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро. Пред спомен-плочата на загинатите туристи од Република Бугарија кои настрадаа во потонување на бродот „Илинден“ цвеќе положија делегации на Општина Охрид, на Конзулатот на Република Бугарија во Република Македонија, на Здружението „5ти Септември“, на Капетанијата, како и млади македонски ротаријанци.
Бугарскиот конзул во државава Чавдар Младенов не можеше да ги скрие солзите истакнувајќи дека болката и секаќавањето на луѓето кои снастрада на овој ден сеуште се свежи.
–Утринава пред да дојдам овде во Охрид, следев програма на една од бугарските телевизии. Таму имаше репортажа за трагичниот настан пред пет години. Ги слушав изјавите на дел од спасителите, на еден човек на возраст од шеесеттина години, Македонец. Тој плачеше и раскажуваше дека спасувајќи ги бугарските туристи под водата видел двајца сопружници кои се држеле за раце. Тоа е љубов. Мене многу ми беше тешко кога го гледав тоа, аи сега ми е тешко. Ние сме тука за да си помагаме и да живееме заедно. Трагедијата и маката се големи, изјави бугарскиот конзул во Република Македонија Чавдар Младенов.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески рече дека овој трагичен настан никогаш нема да се заборави. И по пет години, додаде тој градот жали за 15-те жртви кои загинаа во бродскта несреќа. Тој вети дека во спомен на загинатите кај автокампот Елешец ќе биде подгинато соодветно спомен-обележје.
Изјава никола бакрачески-градоначалник
– Засега немаме поставено рокови, но имавме контакти и со Конзулатот и со невладини организации од Бугарија кои навистина сакаат достојно да го одбележат местото каде што се случи оваа бродска несреќа. Засега има само иницијативи и планови како тоа треба да се направи, а дефинитивно решение, се надевам дека брзо ќе биде донесено и конечно ќе се постави адекватно спомен-обележје на место во чија близина се случи бродската несреќа, додаде Бакрачески.
Бакрачески подвлече дека после оваа бродска несреќа се случиле крупни промени во регулирање на бродскиот и езерскиот сообраќај во Охридското Езеро. Безбедноста и на пловните објекти и на сите учесници во езерскиот сообраќај е значително зголемена. Оваа година не бил регистриран ниту еден случај на нарушување на водниот сообраќај во Охридското Езеро ,ниту пак каква било несреќа или инцидент.
{loadposition content9}