Skip to main content

Букети цвеќе за Илинденците

Со полагање свежо цвеќе и оддавање почит на илинденците, Општина Охрид го одбележува 2 Август – Денот на Републиката, во чест на хероите од двата Илиндена и нивното историско дело.
 |  инфодеск  | 

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, општина Охрид го одбележа 2. Август – Денот на Републиката.

‎Делегација на Општина Охрид, предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, се поклони пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.

‎Делегација на општината положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што се одржа историски час и културно-уметничка програма посветена на празникот.