Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески на припадничките на понежниот пол од Општина Дебрца, по повод денешниот празник 8-ми март, Меѓународниот ден на жената им подари цвеќе.
Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол, од срце Ви го честитам денешниот Ден, 8-ми Март, Денот на кој традиционално изразуваме благодарност и почит кон жените, Денот кој не потсетува на големите и храбри жени кои низ историјата се бореа за рамноправност, а која многу често им била ускратена и одземена. Многу работи цивилизацијата ги измени, многу грешки поправи, меѓутоа борбата се уште трае. А повеќе жени во сите подрачја, посебно во оние во кои се управува со општеството,само ќе придонесе овој свет да биде подобар, потолерантен и посреќен. Со таа мисла, посакувам Денот на жените уште повеќе да не поттикне секој ден во годината да го посветиме на рамноправноста, толеранцијата. Бидете среќни и секој ден нека биде Ваш Ден.
П.С. Со припадничките на понежниот и поубавиот пол од општина Дебрца – напиша градоначалникот Ногачески на официјалниот фејсбук профил.