Skip to main content

ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми и на јавните капалишта во градов

ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Мапирање ќе се прави и на јавните капалишта во градов. Од наредното лето резултатите од испитувањето на квалитетот на езерската вода ќе бидат јавно прикажани на панели поставени на самата плажа.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани и туристите веќе ќе немаат причина за дилема каков е квалитетот на водата што ја пијат од јавните чешми во градов. ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Се планира да се направи апликација која може да се инсталира на мобилен телефон.

Овие новини се со цел да бидеме што потранспарентни. Граѓаните имаат право да знаат каква вода пијат. Не е коректно само ние од центарот да ги знаеме податоците и да ги информираме само нашите најблиски. Треба овие податоци на сите да им бидат достапни во секое време, вели Сашо Точков -директор на ЦЗЈЗ -Охрид.

Мапирање ќе се прави и на јавните капалишта во градов. Од наредното лето резултатите од испитувањето на квалитетот на езерската вода ќе бидат јавно прикажани на панели поставени на самата плажа, па капачите ќе можат сами да одлучат дали ќе одат на таа плажа или не, земајќи ја во предвид категоријата во која спаѓа водата на тоа место.

На оние мерни места каде ќе ја контролираме водата веднаш ќе истакниме од која категорија е. Тогаш секој сам си ја презема одговорноста доколку се капи на место кое не ги задоволува стандардите за капалишни активности. Тогаш гостите ќе можат да си посетат друга плажа каде водата е со подобар квалитет, објаснува Точков.

Овој проект ќе се прави заедно со соседна Албанија бидејќи еден дел од езерото и припаѓа на оваа соседна земја. Квалитетот на водата и загаденоста на езерото не засега сите и доколку јавно се зборува за тоа побрзо ќе се дојде до подигнување на свеста и кај граѓаните и кај институциите.