Skip to main content

Д-р Георгиески: Проект за спас за Студенчишко блато

Студенчишкото блатото е последниот филтер на Охридското Езеро и неопходна е иницијатива за негово спасување. Денес охридските социјалдемократи во рамки на својата предизборна кампања го промовираа проектот „Спас за Студенчишкото Блато“ со кој проект се предвидувало зголемена заштита на рибниот фонд со посебен осврт кон преземање мерки за заштита на ендемичната охридска пастрмка.

 |  Николоска Биљана  | 

Спас за Студенчишкото блато и наместо досегашната заштита од 4 до 5 хектари истата да биде од 50 до 70 хектари. Ова би била една од заложбите на охридските социјалдемократи, која ја пренесе носителот на листата д-р Костантин Георгиевски, на денешната прес конференција, нагласувајќи дека пред себе имаат мисија да ја сочувуваат светоста на целокупното природно богатство кое го поседуваме. Георгиевски рече дека во моментов овој природен феномен населен со најразлични видови растителен и животински свет е од особено значење за Охридското Езеро, но, нивото на неговата моментална заштита била недозволива.

Не само што е потребно да се заштитат сите негови делови, туку е неопходно и да се ревитализира тоа што низ годините е уништено и опустошено. Блатото е последниот филтер на езерото и неопходна е иницијатива за негово спасување. Со проектот „Спас за Студенчишкото Блато“ се предвидува зголемена заштита на рибниот фонд со посебен осврт кон преземање мерки за заштита на ендемичната охридска пастрмка“.

Нашата грижа за Студенчишкото блато е во насока на зачувување на целокупниот езерски еко систем, рече Георгиевски. Додаде дека со овој проект се заштитува блатото кое е природен филтер на езерото, а со тоа би се зголемил протокот на вода, ќе се зачувува растителниот и животинскиот свет, мрестот на крапот и гнездењето на птиците.

Стануваме партнер на граѓанските организации кои во годиниве покажваа значителна подготвеност да се борат до крај за зачувување на бројните природни богатства. Создаваме отворена општина, општина која е подготвена да ги слушне сите добронамерни идеи. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и го разбираме крикот за чиста животна средина“.

Преку заштитата на природните филтри сакаме да обезбедиме услови за здрав живот за сите, истакна носителот на листата на СДСМ д-р Георгиевски.