Skip to main content

Д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ

Д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ. Иако оваа информација сеуште не е официјално потврдена таа е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Сеуште не се знае со кого ќе се трка Стојаноски бидејќи од страна на ВМРО ДПМНЕ не е познат кандидатот за градоначалник на Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се поизвесно е дека СДСМ градоначалничката трка во Охрид ќе ја трча со професор Д-р Јован Стојаноски. Оваа одлука иако сеуште не е официјално потврдена е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Овај избор за многумина не е изненадувачки бидејќи професор Стојаноски доби најголема доверба на внатрепартиските избори кои партијата ги спроведе уште во февруари оваа година на кои покрај него како можни кандидати за градоначалник беа и Науме Јованоски, Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо Чингоски.
Секако овој избор не се заснива само на внатрепартиските гласови бидејќи според Статут и Правилникот на партијата за критериуми за избор на кандидат за градоначалник беа земени уште седум критериуми во предвид за кои одлучуваше кадровската комисија и Извршниот одбор на општинската организација.
Инаку Д-р Јован Стојаноски покрај тоа што е професор со долгогодишно искуство на ФТУ во Охрид , тој се истакнува и како долгогодишен политичар од редовите на СДСМ. При Локланите избори во 2013та беше носител на листа на советници од нашиот град, а помина и четири години во советничките клупи како координатор на советничката група на СДСМ.
Сеуште не се знае со кого ќе се трка Стојаноски бидејќи од страна на ВМРО ДПМНЕ не е познат кандидатот за градоначалник на Охрид.