Skip to main content

Во својот град во својот театар

Да болиТ, ново стендап шоу на Никола Тодороски

Не го пропуштајте новото стендап шоу на Никола Тодороски, во сабота со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
 |  инфодеск  | 
Никола Тодороски

Во својот град, во својот театар, пред својата публика Никола Тодороски со ново стендап шоу „Да болиТ“. Шоуто е закажано за сабота на 1-ви октомври со почеток во 20 часот, Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ.
Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ.
Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ.
Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ.
Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ.
Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ.
Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ.
Новото шоу на Коле “Да БолиТ“ – во стомачните!

За загревање на публиката ќе се погрижи Зоран Донев.

Влезот чини 250 денари, а картите може да се најдат на касата при Центарот за култура „Григор Прличев“, или на 075 283 066 / 046 261 063.