10 годишната Ева од Охрид храбро се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Времето и дејствувањето се критични.
Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија.
Се апелира до сите хумани граѓани доколку се во можност, да донираат средства за помош на Ева.
Сите хумани граѓани можат да донираат според своите можности на платформата
ecrowd.mk
и преку трансакциската сметка:
Комерцијална Банка: 300017123936746