Да се отстранат пловните објекти кај Сараиште и Пештани
Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред официјалниот почетокот на летната туристичка сезона.

Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба Пештани. Во спротивно Локалната власт и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.
Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред официјалниот почетокот на летната туристичка сезона.


