Skip to main content

Апел општина охрид

Да се отстранат пловните објекти од Сараиште и Канео

Општина Охрид апелира да се отстранат пловните објекти кои се лоцирани на плажите „Сараиште“ и „Канео“, поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето.
 |  инфодеск  | 
Плажа Сараиште пловните објекти

Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.

Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите, велат од Локалната Самоуправа.