Skip to main content

Охридско езеро

Охрид SOS : Да се санира нелегалниот насип кај Далјан

Охрид SOS ја потсетува Владата на Република Македонија на одлуката за санација на нелегалниот насип кај населбата „Далјан“.
 |  инфодеск  | 
Насип Далјан

Од Охрид SOS ја потсетуваат Владата на Македонија на одлуката за санација на нелегалниот насип во Охридското езеро, поточно во населба „Далјан.“

„На педесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 16 март 2021 година, под Точка 74 во Записникот е наведено следното:

Владата го разгледа новиот текст на Информацијата за влијанието на нелегално насипување на земја и шут на брегот на Охридското Езеро во населба Далјан и за потребата од итно враќање на крајбрежјето во првобитна состојба и ја усвои со следните заклучоци:

1. Се задолжува Министерството за транспорт и врски да организира санација на крајбрежјето и негово враќање во првобитна состојба.

2. Се задолжува Министерството за животна средина и ПП, по отстранувањето на земјата и шутот да изврши проценка на состојбата на крајбрежното живеалиште и Охридско Езеро, односно на резултатите од санацијата и враќањето на крајбрежјето во првобитна состојба.

„За жал, до денес, 25 декември 2022 година, ништо од ова не е реализирано. Ги повикуваме претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, најитно да ги спроведат задолженијата кои произлегуваат од двете точки, а кои се однесуваат на санација на нелегалниот насип во Охридското Езеро“, велат од Охрид SOS.

„На прес-конференцијата одржана пред два дена, министерката за култура изјави „работиме активно и интензивно и сите сме на истата страна дека статусот на Охридскиот Регион треба да остане заштитен и сите посветено ќе работиме да ги следиме законите и да ги отстраниме сите неправилности кои се јавуваат во овој вакуум период“. Еве конкретен пример, една од тие неправилности кои чека да биде отстранета. Да видиме дали посветеноста и заложбите се реални или е само на зборови“, додаваат оттаму.