Skip to main content

Дали конечно се надзира изградба на покриен зелен пазар во Охрид?

Дали конечно се надзира изградба на покриен зелен пазар во Охрид? ЈП „Градски пазар“ денес го распиша тендерот за избор на најповолна понуда за изградба на новиот објект на пазарот преку Јавно приватно партнерство.

 |  Николоска Биљана  | 
pazar
пазар

 

pazarДенес е распишан тендер за изградба на покриен зелен пазар во Охрид. ЈП „Градски пазар“ ќе избира најповолна понуда за изградба на новиот објект по пат на јавно приватно партнерство. Новиот затворен пазар според веќе изготвената физибилити студија треба да се гради на површина од 6779 метри квадратни на три нивоа, П плус два, како што најави општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски.

„Според физибилити студијата економска оправданост постои само ако општината добие 1230 метри квадратни зелен пазар и тоа на приземјето кое треба да е опремен со 192 тезги по хасап систем што е обврска на инвеститорот. Предвидени се и 150 паркинг места. Вториот кат ќе биде во сопственост на приватниот инвеститор оној кој ќе се јави на тендерот а на третиот кат општината според студијата треба да добие 713 метри квадратни и од тука почнува наддавањето или кој ќе даде најмногу за градот на третиот кат кој ќе биде избран на тендерот“ – вели Џамтоски.

pazarОд изјавата на портпаролот Џамтоски може да се заклучи дека тендерот ќе го добие понудувачот кој ќе биде подготвен  да и отстапи најголема квадратура од третиот кат на општината. Покрај изградбата на новиот објект, приватниот партнер треба да исполни и дополнителни обврски,  нагласува Џамтоски.Покрај изградбата на новиот објект, приватниот партнер треба да исполни и дополнителни обврски,  нагласува Џамтоски.

„Исто така со овој тендер приватниот партнер односно инвеститор ќе треба да ги реконструира фасадата и покривот на постојниот објект на ЈП Градски пазар, а од салата во пазарот со реконструкција ќе треба да се направи простор кој ќе биде поделен на два етажи. Партнерот исто така ќе треба да обезбеди плати придонеси за сите 31 вработени во ЈП за период од 6 месеци“ -додава Џамтоски.
На нашите дополнителни прашања во врска со изградбата на пазарот како на пример колкава е финансиската конструкција на целиот проект, зошто партнерот треба да преземе обврска да обезбедува плати и придонеси за 31 вработен во ЈП во период од 6 месеци, портпаролот за одговори не упати до раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот. Секако дека отворено останува и прашањето на кое граѓаните и пазарџиите кои имат тезги на сегашниот пазар очекуваат одговор а тоа е каде ќе бидат дислоцирани тезгите додека се гради новиот пазар.

{loadposition content9}