Skip to main content

Субвенционирани комунални давачки за ранливите категории?

Ова е една од предлог одлуките за кои утре ќе се дискутира во рамките на седницата на Советот на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica sovet
седница совет

Дали општината ќе ги субвенционира комуналните давачки за ранливите категории? Ова прашање уште на минатата седница на Советот на општина Охрид беше покренато како иницијатива од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а веќе утре може да биде и конкретно реализирана. Општината оваа предлог одлука ја стави на дневниот ред на утрешната седница, а доколку е комплетна, од советничката група на ДПМНЕ велат дека ќе ја подржат.

Dejan Panoski„Поведени бевме од таа иницијатива пред се како одговор на одлуките на мнозинството на Советот и на Управните одбори на јавните претпријатија за зголемување на цените на комуналните услуги на јавните претпријатија во Охрид како што се Комуналец, Нискоградба, Градски гробишта. За да може на најранливите категории на граѓани да им излеземе во пресрет и да можат да ги платат овие давачки.“-вели координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски.

Паноски смета дека во буџетот на општина Охрид има доволно средства за да се реализира оваа иницијатива. А еве како тие предлагаат да се обезбедат овие средства.

„Сите оние средства кои што се за репрезентации, сите оние средства што се за ручеци, сите оние средства што се за шетање-условно кажано, кои што сега ги троши општината и јавните претпријатија, всушност да бидат надвор од буџетот и на нивно место да дојдат субвенции кои што ќе помогнат не само на ранливите категории, туку и стипендии за најдобрите ученици, најдобрите студенти кои што потекнуваат од Охрид. Само така Охрид може да оди напред.“-рече Паноски.

Sovet sednicaТој изрази надеж дека оваа одлука коректно ќе биде донесена на утрешната седница на Советот на општина Охрид, а вели и дека тие ќе се заложат и во наредната буџетска година да се обезбедат средства за ваквите субвенции. Оваа предлог одлука сепак не е единствената која побудува интерес.

Утре ќе се гласа и за преостанатите точки од незавршената 52 седница. Овде особено жестока расправа се очекува за предлог одлуките за изградба на катната гаража и автобуската станица во Охрид.

Додека пак од 53та седница големо внимание привлекуваат двете предлог одлуки за измена на одлуката за авто-такси превоз на патници, предлог одлуката за изменување на одлуката за отстапување на користење на паркинг просторите од општина Охрид на ЈП Билјанини извори и предлог одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на паркинг. Со оглед на сите случувања околу градските паркинзи, јасно е дека не очекува уште една жешка седница.

{loadposition content9}