Skip to main content

Економија

Дали ќе се увезува работна сила од странство?

Десет илјади работници и недостигаат на Македонија на годишно ниво. Најмногу во секторите градежништво, угостителство и туризам.
 |  Голабовски Крсте  | 
туризам

Македонија се соочува со недостиг на работна сила, кој во најголем дел се должи на масовната миграција на населението во потрага по подобри услови и плати. Најчесто во земјите членки на Европската Унија. Владата планира да го решава ова на два начина: преку квалификација и доквалификација на домашниот потенцијал и преку увоз на работна сила од странство. Само годишно на Македонија и недостигаат десет илјади работници. Најзагрозени сектори се градежништвото, угостителството и туризмот, вели Фатмир Битиќи – Вицепремиер за економски прашања на Република Македонија.

„Најзагоразени се градежништво, без разлика дали е тоа ниско или високоградба и секторот хотелиерство и туризам, што е очигледно. Затоа што тоа се сезонски работници, кои одат во други земји во блиското соседство, Хрватска, Словенија, па зошто не и во земји членки на ЕУ. Се отвара една сериозна потреба за луѓе кои што би служеле за тој сектор, затоа што платите се конкурентни, но не се толку конкурентни колку во земји членки на ЕУ“, – рече Фатмир Битиќи – Вицепрмиер за економски прашања на Република Македонија.

Од каде, колку и како, засега сè уште не е дефинирано. Бидејќи, како што вели вицепремиерот Битиќи, станува збор за стар проблем, за кој, сега само отворено се дискутира и се бараат решенија. Сè поголем е бројот на компании во земјава кои пријавуваат дека не можат да најдат соодветна работна сила.

„Не е дефинирано. Ние направивме исчекор со договорите за слободно движење на работната сила во Западен Балкан преку договорите во Open Balkan iniciative. Исто така и во Берлинскиот процес ја имаме истата иницијатива. Сметам дека луѓето од регионот би требало првично да се искористат, а потоа оставаме отворено. Нема дефинирано од каде, нема дефинирано квоти, сметам дека тоа е актуелен проблем“ – посочи Фатмир Битиќи – Вицепрмиер за економски прашања на Република Македонија.

Владата, вели вицепремиерот, преку оперативниот план за вработување, работи на различни форми на квалификација и доквалификација на невработените лица во земјава, за пазарот на труд. Тој вели „Новите работни места не се со стари знаења“. Но, додека тоа да се случи, има потреба од увоз на работна сила. Миграцијата е очигледна, не само во Северна Македонија, туку и во сите земји од Западен Балкан. Само минатата година во Македонија работеле 5300 работници од надвор. Но, сега отворено се отвара дискусијата да се знае во кои сектори недостига работна сила. Така конечно со нашата работна сила ќе може да ги подобриме нивните вештини и знаења т.е. квалификации. А се тоа за за да одговорат на новите работни места кои што се отвараат.