Skip to main content

Дампинг цени за сместување, решение за повеќе гости во Охрид

 

Дампинг цени за сместување, решение за повеќе гости во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Охридско езеро
Охридско езеро


Охрид се помалку  е посетен од домашните гости, а просекот од  реализирани две ноќевања на странските гости за минатата година, треба да се  аларм за преземање  решенија со кои треба да се надмине оваа појава, посочува Владо Суклоски долгогодишен туристички работник. Временските услови, како што беше случајот во периодот за  Велигденските празници, имаат  влијание врз намалената туристичка посетеност, но многу повеќе влијание имаат високите цени за ноќевање посебно пред сезона, напоменува Суклоски.
Охридско езеро
„ Да се спуштат драстично цените во претсезона за да се направи база на гости за април, мај, јуни, кои во сеозната пак би дошле во Охрид или нивни пријатели би дошле во јули и август. Тоа е многу едноставна формула што се практикува секаде во туристичките дестинации“, сигерира Суклоски.
Суклоски напоменува дека во предсезона кај нашиот јужен сосед може да се престојува 7 дена за 70 евра. Се прашува зошто нашите угостители не го следат нивниот пример. Домашните гости ги прифаќаат ваквите прималиви понуди, и Охрид  ги губи. Кажува дека кочница и за странските туристички агенции, да ги остварат субвенциите за реалзирани ноќевања, се високите цени за сместување. Суклoски го посочува примерот со  туристичките агенции од Турција.

„ Јас ги следам случувањата во другите туристички дестинации. Контактирам со агенции и туроператори кои сакаат да работат во Охрид, на пример како што е турскиот пазар,  90 проценти од причината  кои ги попречуваат да  работат во Охрид и Македонија се високите цени, а само 10 посто се останатите причини“,  кажува Суклоски.    

Суклоски сугерира за излез од ваквата состојба на локално ниво да се изработи Стратегија за туризам во која ќе бидат вклучени сите релевантни фактори од туризмот и угостителството.
Охрид само формално се прикажува како локомотива на туризмот ама пред нашите очи се повеќе се  губат  туристите, предупредува  Суклоски.

{loadposition content9}