Skip to main content

Претседателски избори 2024

Давкова од Вевчани: Народот не можете да го излажете!

Промената на власта е битна за да се спречи гневот. Гневот се истури на изборите, ама луѓето од власта тоа не можат да го видат. Ветувам дека ќе се однесувам поинаку од овој претседател. Ветувам дека ќе ве направам горди!“, рече Давкова пред вевчанци.
 |  инфодеск  | 

Вевчани е гордо! Таа гордост, вие вевчанци, ја пренесувате низ генерациите. Вевчанската република е далеку попристојна држава од македонската, бидејќи тука не ги оставаат граѓаните без продолжен пасош, рече кандидатката за претседател на коалицијата преводена од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјаноска Давкова која викендов од вевчанци синоќа доби пасош.

Во своето обраќање од Вевчани, -Давкова порача: „Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!

„Вистинската ефективна власт е кај владата а ова симболичната е кај претседателот но секоја власт ако се практикува како што треба може и мора да вроди со плод. Јас затоа, се лутеле или не се лутеле од идната власт, не е важно ќе се обраќам пред пратениците повеќепати не за да покажам колку сум паметна или колку сум загрижена туку за да укажам на проблемите оти претседателот мор а да биде натпартиски да се однесува непартиски да има разбирање за сите се разбира и за опозицијата и да комуницира со пратениците во таа поделба на власта затоа што пратениците исто така претставуваат граѓани како што и претседателот ги претставува сите граѓани без оглед на било каква припадност и јас ке го прават тоа што не го правеше овој претседател. “ – кажа Силјановска Давкова.

Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, бидејќи сигурно има причина, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула. Народот не можете да го излажете, ви дал еднаш шанса, рече Давкова.