Skip to main content

Деблокада на жиро сметката на ОУ „Григор Прличев“ меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа


За да се  одблокира работата на училиштето има уште 5 извршни решенија.  Досега се исплатени околу 23 милиони денари од долгот кој изнесуваше над 30 милиони денари.

 |  Валентина Неловска  | 

Деблокада на жиро сметката на ОУ Григор Прличев ќе биде и понатака меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа. В.д. градоначалникот Константин Георгиески напоменува дека со тоа ќе продолжат претходните напори да се надмине деценискиот проблем со исплата на долговите кои ги има училиштето по основ судски решенија за екпропријација на земјиште за изградба на училишниот комплекс.

„Досега со 16 спогодби се исплатени 22 милиони денари 710 илјади денари. Заштедени се над 8 милиони 654 илјади денари. Останати се уште 5 изврши решенија за да се одблокира сметката на ОУ Григор Прличев“, напоменува Георгиески.

Остануваат над 6,5 милиони денари од долгот кој достигна над 30 милиони денари и подолго време го попречува нормалното функционирање на училиштето, посочува Георгиески.

„ Се надеваме кога ќе ги склучиме спогодбите и со другите 5 извршни решенија. За исплата ќе останат околу 4 милиони денари“ , напоменува Георгиески.

В.д. градоначалникот Георгиески очекува дека деценискиот проблем кој го има школото ќе биде надминат до почетокот на месец март. Основното училиште долго време се соочува со блокирана жиро сметка, заради судско извршно решение и камати по разни основи за експроприрано земјиште. Судски спор се водел пред повеќе од 20 години за земјиште на кое е изграден училишниот комплекс.