„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња ‘ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“ – Тоа беа последните зборови напишани од водникот Игор Костески во неговиот нотес кои го носел секогаш со него, пред трагичната и маченичка смрт кај тетовското село Вејце, 2001 година.
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата водникот Игор Костески, заедно со припадннаици на специјалната единица “Волци”, Армијата на Република Македонија,ветераните од одбраната и безбедноста, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население денес во село Слатино, Славна Дебрца се потсетивме на најтажниот ден во поновата македонска историја, денот кога пред 24 години , кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола ).

-Нека им е вечна слава на македонските херои., додаваат во соопштението од Општина Дебрца.