Skip to main content

Дебрца денес го одбележа Патронот, 3 ти октомври

Со полагање свежо цвеќе на споменикот, посета на спомен домот во Црвена Вода како и со централна прослава во село Мешеишта, беше одбележан Патрониот празник на општина Дебрца 3 ти октомври и 71 година од издавањето на Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ.

 |  Николоска Биљана  | 
borci
борци

borciОпштина Дебрца денес го одбележа Патрониот празник 3 октомври. Овој ден како што кажа градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, од претходните власти е прогласен за патрон според датумот на кој е потпишан Манифестот на АСНОМ, односно документот кога започнало правното движење на АСНОМ во далечната 1943 година во Црвена Вода.

„Денес на самото место во Црвена Вода беше положено свежо цвеќе по повод патрониот празник и во оваа сала се одржа една манифестација на која имаше настап на учениците од ОУ Дебрца кои ја исполнаа химната, рецитал, мое обраќање до присутните како и обраќање на проф. Наце Иваноски“ – вели Трајкоски.

borciПретседателот на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески, изрази огромна благодарност до градоначалникот на општина Дебрца. Тој нагласи дека градоначалникот Трајкоски, од почетокот на неговиот мандат покажал интерес и давал огромна поддршка на одбележувањето на датумите поврзани со НОБ.

„Денешниот ден е многу значаен настан и датум во историјата на македонскиот народ, 3 ти октомври е почеток на многу настани, на овој ден пред 71 година главниот штаб на НОБ и ПОМ го издава Манифестот на НОБ кога се повикувас македонскиот народ на вооружено востание да го докрајчи отпорот на фашистичките окупатори, германските, бугарските и балистичките формации“ – објаснува Георгиески.

За историското значење на денот обраќање имаше историчарот Наце Иваноски. Тој нагласи дека младите генерации малку знаат за овој ден, кој според него е од извонредна историска важност, бидејќи е донесен Манифестот, односно програмскиот документ за се што се случувало од 3 октомври 1943, па се до првото заседание на АСНОМ, кога се удрени темелите на денешна Македонија.

borci„Затоа апелирам до младите да се заинтересираат повеќе не само на часовите во училиштата туку и да прочитаат историска литература, и еве користам прилика да ги поканам кога ние постарите ги посетуваме овие историски места да изразат желба да дојдат со нас да слушнат, бидејќи сеуште имаме живи борци кои изворно можат да им пренесат што тогаш се случувало за да можат овие генерации да се борат за сопствена подобра иднина и за идните генерации“ – изјави Иваноски.

На одбележувањето на Патронот на општина Дебрца и 71 година од Манифестот, присуствуваа раководните структури, советниците и мештаните на локалното население на Дебрца, претставници на и Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебрца како и од Сојузот на борци од Струга. Манифестацијата во Мешеишта се одбелжа во новата реновирана сала.

{loadposition content9}