Skip to main content

Општина Дебрца

Дебрца очекува времена мерка повторно вклучување на струјата на пумпните станици

Општина Дебрца и ЈКП ќе направат се во рамките на можностите за да ги сервисираат долговите, но очекуваат помош и од државата, бидејќи се работи за снабдување со вода за пиење, посочува градоначалникот.
 |  инфодеск  | 
Ногачески

Денеска Општина Дебрца очекува да се произнесе надлежен суд до кој подесе тужба за ЕВН со барање за времена мерка повторно вклучување на електричната енергија на пумпните станици.

Во понеделникот, во попладневните часови, операторот ЕВН изврши исклучување на електричната енергија на пумпните станици во општина Дебрца поради што без вода останаа неколку села како и Аеродромот Св Апостол Павле.

Грдоначалникот на Дебрца , Зоран Ногачески со триесетина земјоделци се наоѓа во посета на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, поради што беше цел на критики од СДСМ Дебрца. Ногачески на обинувањата дека „срамота било што заминал во Нови Сад, а Дебрца ја оставил без вода“ посочи дека исклучувањето што го изврши ЕВН е спротивно на член 44 од Правилата за снабдувањето со електрична енергија според кој операторот не може за неплатени сметки да исклучи водоснабдителен систем.

„Операторот може да побара од должникот да се склучи договор со кој ќе се дефинира гарантен инструмент дека сметките ќе се плаќаат. Ако должникот не прифати склучување на таков договор тогаш може да се примени мерка исклучување. “- вели Ногачески.

Тој објаснува дека, наредниот ден по исклучувањето, во вторникот неколку пати телефонски разговарал со лица од ЕВН,испратени биле и писмени електронски дописи и од општината и ЈКП „Дебрца“ за склучување на спогодба за сервисирање на обврските.

„Од другата страна не добивме никаков повратен одговор,освен тоа дека ќе ни се одговорело кога “шефовите ќе одлучеле”. Единствено што успеав е повторно вклучување на пумпната станица во село Требеништа, од каде се водоснабдува меѓународниот аеродром Св.апостол Павле.“ – вели Ногачески.

Градоначалникот не отфрла дека ЈКП има долгови за електрична енергија, но додава дека тоа е состојба со сите водоводни претпријатија во државата, од кои некои имаат и милионски долгови во евра, кои се направија особено поради енергетската криза. Посочува дека општината и ЈКП ќе направат се во рамките на можностите за да ги сервисираат долговите, но очекуваат помош и од државата, бидејќи се работи за снабдување со вода за пиење.

Без вода останаа неколку села во Дебрца, ЕВН ги исклучи пумпите од напојување | Портал ТВМ (tvm.mk)