Skip to main content

Општина Дебрца со финансиска поддршка за младите кои стапуваат во брак и за новороденчиња

Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош, објави градоначалникот Златко Сиљаноски.
 |  инфодеск  | 
sleeping baby on white textile

Општина Дебрца ќе доделува директна финансиска помош за жителите по повеќе основи пред се за младите за склучување брак и за новороденче, за помош при штети од пожари и поплави, за лекување и за жители на општината во социјален ризик.

Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош, објави градоначалникот Златко Сиљаноски.

Па така Општината ќе доделува согласно можностите:

  • 100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;
  •  6.000 денари за прво и второ новороденче;
  •  30.000 денари поддршка за млади до 30 години кои првпат склучуваат брак;
  •  6.000 денари поддршка за лица над 30 години при склучување брак;
  •  Еднократна парична помош за лекување;
  •  До 30.000 денари помош за семејства погодени од пожари и поплави;

 Социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени лица, самохрани родители и семејства во ризик;

Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и се реализираат согласно буџетските можности.