Skip to main content

Општина Дебрца објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед

Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.
 |  инфодеск  | 

Општина Дебрца објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед во 2025 година.

Со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2025 година, Општината ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед.

Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход, посочуваат во повикот.

Право на учество имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2025 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“

Детали за условите и начинот на поднесување барање за субвенција ТУКА.