Skip to main content

Комунален отпад

Дебрца повторно мета на еколошки натрапници

Директно се загрозува правото на здрава животна средина како фундаментално граѓанско право, а Општина Дебрца поднесе кривични пријави до ОЈО и СВР Охрид и пријава до Државниот инспекторат за животна средина.
 |  инфодеск  | 
Депонија

Општина Дебрца, односно нејзината природна и животна средина деновиве е мета на несфатлива за 21 век агресија од страна на крајно неодговорни субјекти, со чии постапки се врши сквернавење и злосторство врз природата и директно се загрозува правото на здрава животна средина како фундаментално граѓанско право.

„По депонирањето на комунален отпад во месноста Пресека, вчера е извршено повторно депонирање на комунален отпад, во шумски предел, во непосредна близина на патот за Славеј Планина.Се работи за стар комунален отпад кој потекнува од депонија која се чисти. Според наши сознанија во моментов такво чистење се врши на депонијата во општина Кичево“, вели Градоначалникот Зоран Ногачески.

Од страна на општина Дебрца поднесени се кривични пријави до ОЈО и СВР Охрид, и пријава до Државниот инспекторат за животна средина.
Од надлежните органи се бара во најкраток рок да излезат со конкретни податоци за сторителите и истите да бидат санкционирани, согласно законот.
Градоначалникот апелира до сите граѓани, особено до оние кои деновиве се движат на отворен простор на територијата на општина Дебрца, доколку забележат товарни возила кои носат отпад да пријават до надлежните органи и по можност да ги забележат регистарските податоци за возилата.